ФРОНТМЕНОТ НА „РЕДИОХЕД“ ТОМ ЈОРК ВО ИСТ ДЕН ЌЕ ОБЈАВИ НОВ СОЛО АЛБУМ И КРАТОК ФИЛМ

Лондон, (Гардијан)

Фронтменот на „Редиохед“, Том Јорк, објави дека ќе го издаде својот „дистописки“ трет соло албум „Анима“ на 27 јуни, што ќе биде придружено од краток филм. Создаден од Јорк и од американскиот филмаџија Пол Томас Андерсон, филмот ќе излезе на „Нетфликс“, истиот ден кога ќе биде објавен и албумот со девет песни.

„Нетфликс“ го најави филмот како музички, што ќе се базира на три песни од албумот, а Јорк ќе биде во главната улога.

„Тоа е откачено визуелно парче, што е најдобро да се слуша многу гласно“, се вели во најавата на филмот.

Јорк, кој го основа „Редиохед“ во 1985 година и со него сними девет албуми, го објави првиот соло албум во 2006, а лани ја направи и оригиналната музика за римејкот на култниот хорор „Суспирија“.