АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ДОЈДЕ СО ДЕЦАТА НА ПРЕМИЕРАТА НА „ГОСПОДАРКА НА ЗЛОТО 2“

Лос Анџелес, (Метро)

Анџелина Џоли направи семеен собир од премиерата на својот нов филм „Господарка на злото 2“.

Четириесет и четиригодишната оскаровка беше придружувана од своите пет деца на црвен килим во Лос Анџелес, каде што беше промовирано продолжението на хитот од 2014 година. Џоли дојде со Пакс (15), Захара (14), Шајло (13) и со 11-годишните близнаци Нокс и Вивиен и отсуствуваше единствено нејзиното најстаро дете Медокс, кого неодамна го испрати на студии во Јужна Кореја.

Џоли со екипата од филмот (Фото: Гети)

Иако кланот Џоли-Пит го украде шоуто, ниту остатокот на екипата од филмот не заостануваше во гламурот, па во друштвото на Анџелина Џоли блескаа и Мишел Фајфер и Ел Фанинг.