„Пежо“ го претстави својот нов електричен ридски велосипед за кој вели дека има поголем домет од некои електрични автомобили што моментално се на пазарот.
Наречен „eM01 FS PowerTube“, велосипедот го придвижува нов електромотор на „Бош“, кој дава 75 њутнметри и „Пежо“ го опишува забрзувањето како „експлозивно“. Тој доаѓа со тркала од 29 инчи.
Батеријата со капацитет од 62 киловат-часови е вградена во рамката и на велосипедот му овозможува домет до 140 километри. Колку за споредба, „рено твици“ може да помине 100 километри со едно полнење.
Најавено е дека велосипедот ќе се најде во продажба следната година.