ЏЕНИФЕР АНИСТОН НАЈБРЗО ВО ИСТОРИЈАТА СОБРА МИЛИОН СЛЕДБЕНИЦИ НА ИНСТАГРАМ

Њујорк, (Гардијан)

Џенифер Анистон е новата кралица на Инстаграм откако собра еден милион следбеници за рекордно време од пет часа и 16 минути.

Таа ги надмина принцот Хари и Меган Маркл, чиј заеднички профил дојде до милион следбеници за пет часа и 45 минути откако беше отворен во април годинава.

Педесетгодишната актерка на кратко предизвика пад на оваа социјална мрежа откако ѝ се придружи во вторникот, кога ја објави и првата фотографија – селфи со колегите од серијата „Пријатели“. Фотографијата во меѓувреме доби повеќе од 13 милиони лајкови.

Да се соборуваат рекорди не е ништо ново за Анистон. Таа беше во Гинисова книга на рекорди како најдобро платена ТВ-актерка по епизода, заедно со колешките од „Пријатели“ Лиса Кудроу и Кортни Кокс.