ДЕНИ БОЈЛ ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА БИБЛИСКИОТ ЛИК МЕТУЗАЛЕМ

Лондон, (НМЕ)

Откако се повлече од франшизата Џејмс Бонд, Дени Бојл ќе снима филм за библиски лик.

Следниот проект на британскиот оскаровец ќе биде „Метузалем“, што во Холивуд се подготвува веќе со години и во насловната улога оригинално требало да биде Том Круз. Метузалем, библиски лик кој живеел 969 години, сега треба да го игра Мајкл Б. Џордан, објави „Вараети“.

За сценариото е задолжен оскаровецот Сајмон Бофој, кој веќе има соработувано со Бојл на два филма.

Последниот филм на Бојл беше музичката комедија „Вчера“ од 2019, а во меѓувреме, тој се повлече од „Нема време за умирање“.