СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА ЌЕ ДОБИЕ АРКТИЧКИ БЕЛИ ВОЛЦИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

По розеви фламинга, во скопската Зоолошка градина доаѓаат и арктички бели волци.

Станува збор за загрозен вид животно и како што соопшти Град Скопје, се очекува тие да пристигнат наредниот месец од зоолошките градини во Германија и Литванија. Единките ќе бидат на возраст од околу една година.

Од минатата недела можат да се видат и розевите фламинга (Фото: Град Скопје)

Живеалиштето на розеви фламинга се отвори минатата недела. Групата брои 15 птици, кои, бидејќи се млади, засега сѐ уште ја немаат препознатливата розева боја. Бидејќи станува збор за нежни птици, тие можат да се набљудуваат преку прозорец.

Зоолошката ова лето ги очекува и пингвините, а во август се отвора Дино паркот.