СЕЛЕНА ГОМЕЗ ЌЕ УЧИ ДА ГОТВИ ВО ШОУ НА „ЕЈЧ-БИ-О“

Лос Анџелес, (Ројтерс)

Пејачката и актерка Селена Гомез ќе добие своја емисија за готвење, кое од 13 август ќе се емитува на стриминг платформата „Ејч-Би-О макс“.

Станува збор за проект од 10 епизоди, „Селена + Готвач“, во кое славни готвачи ќе се појавуваат и ќе ја учат Гомез како да подготвува разни јадења, од омлет до приготвување на октопод.

Шоуто е снимано во нејзиниот дом во Лос Анџелес, каде била во карантин со нејзините баба и дедо и тројца пријатели.

„Почнав да запаѓам во депресија и ова ми се виде како шанса за луѓето да се смеат. Се надевам дека ќе се забавуваат бидејќи навистина изгледам смешно. Сакам да готвам, но не знам како“, изјави Гомез, која има 185 милиони следбеници на Инстаграм.