„МОЈОТ МАЖ“ НА РУМЕНА БУЖАРОВСКА ИЗЛЕЗЕ И НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска е преведена и на албански јазик од издавачот „Или-или“. Преводот е на Крешник Ајдини, а јазичната редакција на познатиот албански писател Аријан Лека.

Оваа збирка раскази стекна голема популарност во регионот, преведена е и на англиски, италијански и унгарски, а за март е најавена верзија и на германски јазик. Театарски претстави според овие раскази се поставени во Љубљана и Скопје.

Бужаровска (39) е авторка на збирките раскази „Чкртки“ (2007), „Осмица“ (2010), „Мојот маж“ (2014) и „Не одам никаде“ (2018), книгата мали фикции „Спиј“ (2017), како и на студија за хуморот во книжевноста „За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот“ (2012). Во 2016 беше избрана за еден од најинтересните писатели во Европа и добитничка е на хрватската регионална награда за кратка проза „Едо Будиша“.