ЌЕРКАТА НА ХАЈДИ КЛУМ ДЕБИТИРАШЕ КАКО МОДЕЛ ЗА НАСЛОВНАТА СТРАНИЦА НА „ВОГ“

Берлин, (Пипл)

Шеснаесетгодишната ќерка на Хајди Клум, Лени, го имаше своето деби како модел, позирајќи за насловната страница на германското издание на „Вог“. Таа и Хајди Клум модно се усогласени за фотосесијата, што го краси изданието јануари/февруари 2021.

Многу сум возбудена поради мојата прва насловна страница! Подобар старт не сум можела да замислам. Ти благодарам мамо што беше покрај мене“, напиша Лени на Инстаграм.

Клум ја роди Лени во 2004 година, набргу по разделбата од италијанскиот бизнисмен Флавио Бријаторе. Таа потоа се омажи за британскиот пејач Сил, а од лани е во брак со германскиот музичар Том Каулиц.

Многу сум горда на Лени. Оваа насловна страница е најдобриот прв чекор во кариерата за која сонува. Иако ми е малку тешко да ја пуштам во свет, ќе ѝ помогнам да ги оствари своите сништа“, кажа легендарниот германски супермодел.