Автентично арктичко искуство повторно ќе може да се доживее на Гренланд од јануари, кога ќе се отвори „Иглу лоџ“ во Илулисат. Овој мал ресорт им нуди можност на гостите да спијат во една од шесте традиционални рачно изработени куќарки од мраз.
Во секое игло може да спијат две лица и тие не треба да се грижат дека внатре ќе смрзнат. Секое игло е опремено со кожи од ирвас, специјални топли вреќи за спиење и петролејска ламба.
Придружен објект е удобна дрвена колиба, која содржи купатила и простор за дружење, во кој се служат оброци.
Иако надворешните температури може да бидат смрзнувачки, во иглоата останува околу нула Целзиусови степени, што спиењето во специјалната опрема го прави повеќе од пријатно.
„Иглу лоџ“ ќе биде отворен од 27 јануари до 8 април 2021.