Еден од најпопуларните американски ситкоми на сите времиња, „Фрејзер“, се враќа на малите екрани по речиси две децении. Веста ја потврди и Келси Грамер, кој од 1993 до 2004 година го играше психијатарот кој има свое сопствено радиошоу.
„Со многу радост го очекувам новото поглавје во континуираното патување на д-р Фрејзер Крејн“, изјави 66-годишниот Грамер.
Засега нема потврда дали ќе се врати и остатокот од оригиналната актерска постава. Џон Махони, кој го играше таткото на Фрејзер, почина во 2018.
Во текот на 11 сезони, „Фрејзер“ освои 37 награди Еми, при што пет пати беше прогласувана за најдобра комична серија. Новите епизоди ќе се емитуваат на новиот стриминг сервис „Парамаунт+“, но засега не се знае кога.