„ПМГ колектив“, еден од најангажираните македонски бендови, го најави излегувањето на својот деветти албум во последните 15 години. Насловен „Fraternité“, тој од оваа сабота ќе може да се даунлодира преку музичката платформа Бендкемп, по што ќе следуваат винилно издание и концертна промоција.

Од бендот велат дека овој албум носи голема трансформација на нивниот звук, што го опишуваат како комбинација на модерен трап, електро-ритмови, џез дувачи и заразни шлагерски рефрени.

Покрај стандардните членови Мирко Попов, Синиша Евтимов и Александар Гавровски, на албумот гостуваат Владан Дробицки, Марија Каева, Принцес Донатсу, Нинослав Спировски…

Ова е вкупно 190. издание под етикетата на „ПМГ рекордингс“.