РЕЈКЈАВИК ОТВОРИ ГЕОТЕРМАЛНА ЛАГУНА СО ПОГЛЕД НА ОКЕАН

Рејкјавик, (Лонли планет)

Исланд отвори нова геотермална лагуна, која на посетителите им овозможува да се релаксираат во води што се мешаат со морето.

Инспирирана од локалната култура на бањи, „Скај лагун“ е сместена во пристаништето Карснес, на само неколку минути од центарот на Рејкјавик. Вештачката лагуна има непречен 70-метарски раб, што создава впечаток на претопување со океанскиот пејзаж. Лагуната нуди искуство во седум чекори наречено „Ритуал“, кое комбинира топла и студена вода, топла пареа, сува топлина и свеж воздух.

(Фото: Скај лагун)

Во дизајнот на лагуната се вклучени елементи инспирирани од исландската традиција и тамошните куќи со тревнат покрив. Лагуната содржи бар, кафуле и ресторан со традиционални исландски јадења.

Освен океанот, таа нуди неверојатен поглед на прекрасни зајдисонца, поларна светлина и мрачно небо. Дневно ќе може да прими 3.000 посетители.