„ДИНАСТИЈА“ БЕШЕ ПОДАРОК ОД ГОСПОД, НО САКАВ ПОВЕЌЕ ОД ЖИВОТОТ, ВЕЛИ ЛИНДА ЕВАНС, КОЈА ПО 24 ГОДИНИ ГО СНИМИ ПРВИОТ ФИЛМ

Лос Анџелес, (Клоуср викли)
Mandatory Credit: Photo by Kristina Bumphrey/Starpix/Shutterstock (5633846bn) Linda Evans The Heart Truth's Red Dress Collection 2012 Fashion Show, New York, America - 08 Feb 2012

Изминаа 40 години откако Линда Еванс беше овековечена како Кристл Карингтон во серијата „Династија“. Сега 78-годишна, Еванс вели дека е среќна што не е во врска, дека не би сакала повторно да биде млада, но и ја обнови актерската кариера по повеќе од 20 години. Таа ја има една од главните улоги во драмата „Лебедова песна“, што е нејзин прв филм од 1997.

„Чекав до 78 години за да почнам повторно, но јас и онака не сум направила ништо нормално во мојот живот. Ми испратија сценарио и станав љубопитна. Така влегов во филмот“, вели Еванс.

Актерската кариера на Еванс главно е врзана за телевизија. Малкумина искусиле таква планетарна популарност како Еванс и нејзините колеги за време на емитувањето на „Династија“ од 1981 до 1989 година.

Со колегите од „Династија“, Џоан Колинс и Џон Форсајт

„Имав речиси 40 години кога продуцентот Арон Спелинг ми ја понуди улогата, место да земе некоја помлада. Тој ризикуваше со две таканаречени постари жени, јас и Џоан Колинс. Тоа беше остварување на сон“.

И покрај сета омраза во серијата, Еванс вели дека за девет години немала ниедна лична караница со Колинс.

„Се тепавме само додека камерите беа вклучени“.

Еванс ја напушти серијата една година пред да заврши, признавајќи дека успехот и славата ги платила со висока цена.

„Последните три години беа толку успешни, што речиси да немав слободен ден. Целосно ги изгубив слободата и приватноста. Таа улога беше подарок од Господ, но јас сакав нешто повеќе од животот. Низ годините толку се зближив со екипата, што разделбата многу тешко ја поднесов“.

Еванс денес често патува и учествува во дебатите за женски теми.

„Многу сум задоволна со мојот живот. Имам роднини и пријатели околу мене, а мудроста што ја стекнав низ годините ја сметам за најважната работа“, вели Еванс.