АКТЕРКАТА КРИСТИНА ЕПЛГЕЈТ ОБЈАВИ ДЕКА ИМА МУЛТИПЛА СКЛЕРОЗА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)
US actress Christina Applegate arrives for the 71st Emmy Awards at the Microsoft Theatre in Los Angeles on September 22, 2019. (Photo by VALERIE MACON / AFP) (Photo credit should read VALERIE MACON/AFP via Getty Images)

Американската актерка Кристина Еплгејт објави дека ѝ е дијагностицирана мултипла склероза. Таа ја замоли јавноста за приватност додека поминува низ ова.

„Ова беше чудно патување. Но, имам голема поддршка од луѓето кои ја имаат оваа состојба“, изјави 49-годишната Еплгејт.

Таа се прослави со низа улоги во популарни комични серии и освои Еми за гостувањето во „Пријатели“, каде што ја играше сестрата на Рејчел. Ова не е прв голем животен предизвик со кој се соочува Еплгејт, откако во 2008 победи рак на дојка.

Мултипла склероза го погодува централниот нервен систем и се смета за автоимуна болест, за која нема лек.