МАСЛИНКА СТАРА 2.500 ГОДИНИ ИЗГОРЕ ВО ПОЖАРИТЕ НА ГРЧКИОТ ОСТРОВ ЕВИЈА

Атина, (Грик рипортер)

Древно маслиново дрво, старо околу 2.500 години, изгоре во пожарите кои со денови го пустошат големиот грчки остров Евија, предизвикувајќи евакуација на илјадници луѓе. Локалниот жител Апостолис Панајоту објави фотографии на Твитер кои го покажуваат дрвото некогаш и сега.

(Фото: Твитер)

Дрвото, кое сè уште беше плодно и раѓаше маслинки, беше толку големо што на неговото стебло можеле да се соберат десет луѓе, пишува „Грик рипортер“. Маслинката беше обележје на селото Ровија во северниот дел на островот и дури било спомнато во пишувањата на познатиот грчки географ, филозоф и историчар Страбо, кој живеел пред 2.000 години.

Новите фотографии покажуваат дека од дрвото останале само делови од стеблото.