Бенедикт Камбербач ќе го игра рускиот шпион Александер Литвиненко во нова серија на Ејч-Би-О, објави „Вараети“.
„Лондонград“ е заснована врз книгата „The Terminal Spy“ од Алан Кауел и се фокусира на поранешниот агент на КГБ кој пребегна на запад, пред да биде отруен со радиоактивниот изотоп полониум-210 во 2006 во Лондон. Тој почина по 21 ден хоспитализација. Како и книгата, и серијата ќе ги раскаже животната приказна на Литвиненко и истрагата за атентатот врз него.
Камбербач, кој се најавува како кандидат за оскар за вестерн драмата „Power of the Dog“, ќе биде и извршен продуцент на серијата, што ќе ја режира оскаровецот Брајан Фогел.