Откако лани беше откажан поради пандемијата на коронавирусот, фестивалот на современа електронска музика Десонанц се враќа со дводневно онлајн издание.

Фестивалот овој месец одбележува 13 години постоење, а годинашната програма е посветена на локалната современа електронска сцена.

Новото, 12. издание на Десонанц денеска и утре ќе може да се следи преку неговиот канал на Јутјуб, каде што премиерно ќе бидат емитувани авторските настапи на Марко Рикаловски, Филип Митров и на „Тирс ин рејн“ (Tears In Rain).

Фестивалот финансиски е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и Јуроп хаус Скопје.