РОНАЛДО И ХЕОРХИНА ЧЕКААТ БЛИЗНАЦИ

Манчестер, (Сан)

Кристијано Роналдо и неговата партнерка Хеорхина Родригес чекаат близнаци. Португалскиот фудбалер го потврди ова на Инстаграм, објавувајќи фотографија на која тој и Хеорхина држат снимки од ултразвук.

„Пресреќен сум што можеме да објавиме дека чекаме близнаци. Нашите срца се полни со љубов, едвај чекаме да ве запознаеме“, напиша Роналдо.

Роналдо има вкупно четири деца (Фото: Инстаграм)

Тој и Хеорхина се веќе родители на тригодишната ќерка Алана. Роналдо ги има и 11-годишниот син Кристијано Жуниор и четиригодишните близнаци Ева и Матео, кои ги доби преку сурогат мајки, чиј идентитет никогаш не го откри.