ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ ФОТОГРАФИИ НА ПОЛАРНАТА СВЕТЛИНА ЗА 2021 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Популарниот блог за патување и фотографија Capture the Atlas и оваа година го организираше изборот на најдобра фотографија на поларна светлина.

Вестрахорн, Исланд

Изборот се совпаѓа со сезоната на овој природен феномен на крајот на годината и на конкурсот учествуваа 25 фотографи, кои испратија волшебни мотиви и пејзажи кои како да не се од овој свет, а всушност се од САД, Канада, Русија, Нов Зеланд, Исланд и цела Скандинавија.

Северна Норвешка
Шведска Лапонија
Полуостровот Кола, Русија
Езерото Текапо, Нов Зеланд
Бејфилд, Висконсин, САД

(Фото: Capture the Atlas)