„ЦРНИЛА РЕМИКС“ НАГРАДЕНА ЗА НАЈДОБРА ТЕАТАРСКА МУЗИКА НА ФЕСТИВАЛОТ НИШВИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Претставата „Црнила ремикс” е наградена на меѓународниот џез театарски фестивал Нишвил во Ниш. Во режија на Јордан Симонов, а во продукција на скопски МКЦ, претставата доби награда за најдобра употреба на музика.

Претставата е оригинална со тоа што спојува рап и традиционални македонски вокални стилови. Таа е полна со прекрасни мелодии, рими и динамика, кои произведуваат своевидна хип хоп опера“, образложи жирито.

Нишвил се одржуваше од 5 до 9 август на сцените низ Ниш.

Наградата доаѓа во вистински момент, кога се обидуваме повторно да ја рестартираме претставата. ‘Црнила ремикс‘ имаше силен фестивалски залет по премиерата на крајот на 2018, но на почетокот на 2020, како и цел свет, и ние моравме да запреме“, вели Русе Арсов, продуцент на претставата.

Симонов го постави ова современо читање на драмската класика „Црнила“ на Коле Чашуле заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап колективот „Зад аголот”.