Двоглавата желка Јанус, родена во Природонаучниот музеј во Женева, го прослави 25. роденден.
Покрај две глави, Јанус има и две срца, два пара бели дробови и две различни личности. Се верува дека не би преживеал долго во дивина, зашто не може да ги повлече главите во оклопот кога чувствува опасност.
Од женевскиот музеј велат дека Јанус може да се грижи за сите свои потреби и веруваат дека е најстарата двоглава желка на светот. Го хранат со органска салата, секој ден го масираат и го бањаат во зелен чај и камилица.
„Мислам дека Јанус е сè уште жив поради посветеноста и вниманието што му ги даваме“, вели Анжелика Бургоан, која е дел од тимот кој се грижи за Јанус, именуван според двоглавиот римски бог.
Тие постојано го надгледуваат Јанус за да не се преврти, што би можело да биде фатално.
„Десната глава е пољубопитна и побудна, има посилна личност. Левата е попасивна и сака да јаде. Понекогаш главите сакаат да одат во различна насока“, додаде Бургоан.