Кога ќе поминат празниците, празната сметка, мамурлакот, тмурното време и враќањето на работа како совршена бура се спојуваат во еден ден, за кој се верува дека е најдепресивен во годината. Британците го нарекоа „тажен понеделник“ и тој е токму денеска.
ШТО Е ТАЖЕН ПОНЕДЕЛНИК?
Тој е пресметан со користење на неколку фактори во математичка формула. Тие се: времето, нивото на долг, времето поминато од Божиќ, времето поминато откако сме ги изневериле нашите новогодишни ветувања, ниското ниво на мотивација и чувството на потреба да се преземе контрола врз ситуацијата.
Тој бил осмислен од рекламна агенција, пред да стане годишен настан.
ЗОШТО Е ДЕНЕСКА?
Според оваа формула, тажниот понеделник во 2018 година се паѓа на 15 јануари. Вообичаено, тој е на третиот понеделник во јануари, но може да биде и на вториот или на последниот понеделник во месецот.
Првиот тажен понеделник бил на 24 јануари 2005 година.
ШТО МОЖЕМЕ ДА СМЕНИМЕ НА ОВОЈ ДЕН?
Почнете да вежбате или со некоја активност што ја одложувате долго време, поминете време со пријатели и со семејството.
„Издвоите барем половина час за вежбање, што може да биде брзо одење, лесно џогирање или релаксирано пливање во базен. Јануари е идеален месец да се почне со некое ново хоби и да се запознаат нови луѓе. Ако не сте расположени за толку многу активност, прочитајте книга или одете во кино“, вели личниот тренер Енди Ворд.