Омилената научно-документарна серија „Космос“ и официјално се враќа со уште една сезона.
Дополнителна добра вест е што водител повторно ќе биде најпопуларниот светски астрофизичар Нил Деграс Тајсон.
„Фокс“ и „Национална географија“ објавија дека втората сезона ќе биде емитувана во април наредната година, а нејзиното име ќе биде „Можни светови“.
Извршен продуцент ќе биде Сет Мекфарлејн, креаторот на „Семеен тип“, кој во 2014 година ѝ ја обнови серијата, која преку неверојатни научни факти и симпатични поучни анимации успеа да му ги појасни на обичниот човек историјата на вселената и на светот, како и промените кои им се случуваат. Со 135 милиони гледачи, тоа е најгледаната серија во историјата на „Национална географија“.
Оригиналната и сега култна серија „Космос“ ја создаде легендарниот астроном Карл Саган, учителот на Деграс Тајсон, во 1980 година.