Гитаристот на „Квин“, Брајан Меј, му оддаде почит на Брус Говерс, кој го режираше легендарниот спот за песната „Боемска рапсодија“. Наградуваниот британски режисер, кој почина на 82 години, работеше и со Мајкл Џексон, Род Стјуарт и „Ролинг стоунс“.
„Брус беше архитектот на спотот за ‘Боемска рапсодија‘. Ќе ѝ недостига на рок заедницата“, изјави Меј.
Тапанарот на „Квин“, Роџер Тејлор, своевремено кажа дека режисерските кадри на Говерс помогнале да се создаде првиот видеоспот кој успешно бил искористен како промотивна алатка. Снимањето на спотот траело само три часа и чинело 3.500 фунти. Говерс кажа дека го платиле 590 долари за работата.
„Боемска рапсодија“ е третиот најпродаван сингл на сите времиња во Велика Британија, каде што девет недели беше број еден на топ-листата во 1975 и потоа повторно во 1991 по смртта на Фреди Меркјури.
Говерс освои Греми и Еми награда во својата кариера, а сними спотови и на Род Стјуарт, Мајкл Џексон, Принс, „Ролинг стоунс“, „Раш“, „Би Џис“…