„ПЕЖО 308“ ИЗБРАН ЗА АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Националното стручно жири го прогласи „пежо 308“ за Автомобил на годината во Македонија, признание што се додели по 28. пат. Ова е прва ваква награда за оваа француска компанија.

Третата генерација на ‘пежо 308‘ прави значаен технолошки исчекор во класата. Уникатен според својот стил, со мултиенергетски можности и со две каросериски изведби, тој успева да ги сублимира класичните вредности од минатото, рационалноста на актуелната технологија и иднина со максимален респект кон природата“, стои во образложението на жирито.

Останатите шест финалисти за наградата беа „алфа ромео тонале“, „ситроен Ц5“, „киа спортиџ“, „опел астра“, „шкода фабија“ и „тојота бЗ4“.

Признанието СУВ на годината го доби „киа спортиџ“, додека за најдобар електричен автомобил е избран „фиат 500е“.