Доколку списокот на посакуваните дестинации што планирате да ги посетите во животот е поголем од вашата сметка, не грижете се! Постои начин да посетите некои од најимпресивните места на светот за стотици, место за илјада евра.
Уживајте луксузно во Бангкок
Тајланд е мистична држава, позната како земја на насмевките, полна со релаксирачки, авантуристички, кулинарски и културни искуства, кои, истовремено, се „баџет френдли“. Сместете се во Бангкок, познат како најдобриот град на светот, кадешто златните храмови и палати ја опкружуваат реката Шао Праја. Тајландските спа се наоѓаат по цена од 10 евра за масажа од два часа, восхитувачката локална кујна само за неколку долари, а возење на тук–тук чини пола eвро за еден час.
Откријте ги мистериите на Ангкор Ват
Овој 900 години стар комплекс храмови, голем колку еден град, во Сим Рип, Камбоџа, бил изграден во чест на богот Вишну и требале 37 години за да се изгради. Повеќе од 6.000 слонови и пет милиони тони камен биле употребени за изградба на кулите врежани со ликови и животни и на речиси 1.600 столбови. Ресортот Анантара нуди посебна тура и сместување со појадок за помалку од 150 евра за двајца. Ќе се чуствувате како вистинска филмска ѕвезда, шетајќи низ оваа античка градба.
Повозете се до Мачу Пикчу
Изреката „Патот до таму е половина од задоволството“ потполно oдговара на Мачу Пикчу, урнатините од 15. век во високите планини на централен Перу. Земете воз или пешачете до најблиската точка на Агва Калиентес. Со најновиот „Инка рejл“, патот ќе ве чини околу 60 евра. Новиот воз за Мачу Пикчу располага со огромни панорамски прозорци и со посебен вагон, нудејќи неверојатен поглед на околината на Светата Долина. Штом стигнете во Агва Калиентес, можете да земете брз и евтин автобус, кој ќе ве однесе до врвот на планината, до цитаделата на Инките.
Фрлете поглед кон северните светла
Аурора бореалис е едно од седумте природни чуда на светот и посакувана дестинација за многу истражувачи. Местото од кадешто можете да ги гледате раскошните формации од светкави бои, како зелена, виолетова и златна, е една од најдобрите панорамски точки на светот. А, кога не сте расположени да барате светла, можете да поминете време во геотермичката Сина Лагуна, низ тунелите од лава, гледајќи китови.