ГРЧКИОТ ПСИХОДЕЛИЧЕН РОК БЕНД „НАКСАТРАС“ ПРВПАТ НАСТАПУВА ВО МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Грчкиот рок бенд „Наксатрас“ ќе настапи утре (29 октомври) во Младински културен центар во Скопје (21 часот), што ќе биде негово прво гостување во Македонија. „Наксатрас“ важи за едно од најзначајните имиња на силната грчка психоделична рок сцена.

Музиката на „Наксатрас“ е главно гитарска и инструментална, а со додавањето на синтисајзерите во поново време доби призвук и на модерен спејс рок. Петтиот албум на групата беше објавен во 2022.

„‘Наксатрас‘ создаде репутација на фантастичен бенд во живо, комбинирајќи елементи на психоделичен/прогресивен рок, стонер, фанк, џез, електронска и источна музика, проследено со психоделични видеа“, стои во најавата на концертот.

Билетите се по цена од 500 денари.

(Фото: Фејсбук)