Ново големо истражување откри директна врска помеѓу ултраобработената храна и низа здравствени проблеми. Според истражувањето чии наоди се објавени во Британскиот медицински журнал, оваа храна се поврзува со 32 здравствени проблеми, како кардиоваскуларни болести, разни видови рак и дијабетес тип 2.
Вообичаена ултраобработена храна вклучува сладоледи, чипсови, житарки што се јадат за појадок, јогурти со вкус, бисквити, газирани пијалаци и брза храна, според Британското здружение за срце.
Меѓународен тим истражувачи од Австралија, САД, Франција и Ирска за три години направи 45 анализи кои опфатија 9,9 милиони луѓе.
„Ова е важна анализа што ни дава податоци кои повикуваат на јасна дискусија и акција за да им се објасни на луѓето која храна е ултраобработена и штетна за здравјето. Ова е жива дебата, но имаме големо знаење за штетните ефекти на исхраната со висока содржина на маснотии, шеќери и соли врз нашето здравје“, изјави Амелија Лејк, професорка по јавно здравје на Универзитетот Тисајд кој не бил вклучен во истражувањето.
Во САД и Велика Британија, повеќе од половина од просечната исхрана се состои од ултраобработена храна, а кај помлади и посиромашни луѓе и до 80%.