Амбасадата на Јапонија организираше мастерклас за јапонска кујна во средното училиште „Коле Нехтенин“ во Штип, наменет за учениците, идни готвачи.
Учениците и нивните професори се запознаа со вашоку, традиционалната јапонска култура на исхрана, која се темели на рамнотежа на сезонски состојки, хранливост и визуелна убавина. Вашоку е впишано на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.
На мастеркласот беа презентирани јапонски ножеви и кујнски алатки, а готвачката Нишикава демонстрираше подготовка на неколку рецепти. Учесниците потоа и самите подготвуваа и дегустираа онигири, популарно јапонско јадење од ориз.