Надреални и со многу детали, официјалните постери за годинашните Олимписки и Параолимписки игри во Париз ги нагласуваат историските обележја и спортските објекти на градот. Двата постера се дизајнирани од парискиот уметник Уго Гатони и се надополнуваат со што се добива двоен постер.
Инспирирани се од надреалистичкото уметничко движење, со детали и прецизност какви што ретко се гледаат.
„Париз 2024“ му оддава почит на „Надреалистички манифест“ на Андре Бретон, објавен во 1924, кога последен пат се одржаа Олимписки игри во Париз.
„Овие постери претставуваат 2.000 часа работа. Не сакав да бидат здодевни, само со лого и датум, како што вообичаено изгледаат. Сакав да раскажуваат приказна“, кажа Гатони.
(Фото: АП)