Два дена езеро Младост и Велес живееја со звукот на моторите и мирисот на октаните, со 13. „Мото бич парти“ на која учествуваа повеќе од илјада мотористи. Дојдоа не само од Велес, туку и од повеќе мотоклубови од Македонија, како и од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Швајцарија, Хрватска и Косово.
На плажата пред хотел „Романтик“ две вечери се одржуваа рок-концерти на кој настапија групите „Д Чикс“, „Троја“, „Бегдор бенд“ и „Хот лајн бенд“.
Традиционално од езерото Младост до Велес, низ градските улици, па повторно до местото на случување, возеа околу илјада мотористи.
Новина годинава е што се одржа трка во споро возење.
„Со оваа трка покажавме на дело дека не е сѐ до брзината“, рекоа организаторите Мото клубот „Носачи на крстот“ од Велес.
Настанот се одржа со финансиска поддршка од Општина Велес. На оваа трка во споро возење имаше и победници . Во категоријата над 1.000 кубици прв беше Мирослав Патчев од Скопје, до 1.000 кубици Крумислав Панов од Велес, а до 500 кубици Карло Јованов од Велес. Екипите на Црвен крст од Велес изведоа показна вежба за повреда по несреќа кај мотоциклист.
П. ПЕЧКОВ
(Фото: СМАРТ.СДК.МК)