На 27 мај, во малата сала на Филхармонијата концерт ќе одржи унгарскиот состав „Сегед тромбон ансамбл“, кој брои осуммина тромбонисти. Влезот на концертот е бесплатен.
Составот, кој ќе настапи во рамките на Скопскиот брас фестивал, го предводи еден од најуспешните европски тромбонисти Ѓерѓ Гививиксан, кој е професор на Факултетот за музичка уметност во Сегед.
„На годинашното издание на фестивалот ќе има настани во текот на целата година, за разлика од изминатите години, кога традиционално се одржуваше три последователни дена. Оваа година, главен фокус ќе биде на семинарите со познати брас музичари од регионот“, велат организаторите.