Лекарот Златко Јаќовски стана вториот Македонец во последните неколку дена кој го искачил четвртиот највисок врв на светот Лоце, кој се наоѓа на границата на Непал и Тибет.
Јаќовски беше дел од меѓународна експедиција која пред два дена го совлада 8.516 метри високиот врв. По Монт Еверест, Лоце е вториот врв повисок од 8.000 метри кој тој успеал да го искачи.
Планинарскиот клуб „Х2О“ од Скопје, чиј член е Јаќовски, објави дека тој веќе е на безбедно во базниот камп.
Минатата недела, на Лоце се качи и кардиологот Сашко Кедев.
(Фото: Фејсбук)