ЈОВАН ЈОВАНОВ И ТОНИ ЗЕН ГО ОБЈАВИЈА СПОТОТ ЗА „УШТЕ МИ ТРЕБАШ“ ОД МАКФЕСТ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Јован Јованов и Тони Зен го објавија спотот за новата песна „Уште ми требаш“, десет дена по нејзината промоција на фестивалот Макфест во Штип. Песната е продолжение на хитот „Итно ми требаш“, кој пред 18 години го испеаја заедно со Ламбе Алабаковски.

Спотот е во режија на Горан Божиновски, а во него се појавува и манекенката Вања Петрушевска.

„Некои песни не можат да се повторат, но некои приказни заслужуваат да продолжат. ‘Итно ми требаш’ беше приказна за незаборавна ноќ, а ‘Уште ми требаш’ е поемотивна, се работи за спомен кој не е избледен. Веќе не се работи за провод, туку за чувства што останале“, вели Јованов.

Музиката е на Јован Јованов, текстот го напишаа заедно со Тони Зен, а продукцијата е на Јован и Иван Јованов.