ПЕТТАТА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 22 ЈУНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Петтото издание на Парадата на гордоста во Скопје ќе се одржи на 22 јуни (сабота). Годинашното мото на манифестацијата ќе биде „Спектакуларно непослушни“.

Организаторите кажаа дека повеќе информации за настанот ќе бидат објавени во следните денови.

Првата Парада на гордоста во Скопје се одржа во 2019 година и оттогаш стотици луѓе во мирна и забавна атмосфера ги славеа љубовта и различностите, парадирајќи низ центарот на градот.

Фото: К. Попов