Ѕвездите на „Куќата на змејот“ беа пречекани со големи овации од обожавателите на црвениот килим во Лондон, за премиерата на втората сезона на една од најпопуларните серии на Ејч-Би-О.
Оливија Кук, Ема Д’Арси, Мет Смит и Фабиен Франкел беа дел од големата екипа која присуствуваше на премиерната проекција на новата сезона. На Ејч-Би-О ќе се прикажува од 16 јуни и ќе има осум епизоди.
Втората сезона ќе го означи почетокот на Танцот на змејовите, односно на граѓанската војна на Таргарјени.
Оваа серија е заснована врз книгата „Крв и оган“ на Џорџ Р.. Р. Мартин, која ја раскажува приказната за куќата Таргарјен.
(Фото: Гети)