ЌЕ СЕ СНИМА РИМЕЈК НА „ОФИЦЕР И ЏЕНТЛМЕН“, МАЈЛС ТЕЛЕР ЌЕ ГО ЗАМЕНИ РИЧАРД ГИР

Лос Анџелес, (Дедлајн)

„Парамаунт“ ќе снима римејк на големиот хит од 1980-тите „Офицер и џентлмен“, во кој Мајлс Телер ќе го замени Ричард Гир. Оригиналниот филм од 1982 беше номиниран за седум оскари и освои два, за најдобра машка споредна улога (Луис Госет Џуниор) и за најдобра песна.

Телер ќе биде во фокусот на модерното раскажување на оваа приказна, која следеше питомец на американската авијација кој се пробива низ академијата и притоа се вљубува во локална девојка, која ја глумеше Дебра Вингер.

Ова ќе биде втора војничка улога за 37-годишниот Телер за кратко време, откако се појави и во еден од најуспешните филмови за 2022, „Топ ган: Маверик“.