КАФЕТО ШТИТИ ОД ДЕПРЕСИЈА И СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА, АКО СЕ ПИЕ УМЕРЕНО

Лондон, (Би-Би-Си)

Кофеинот е активна состојка во некои од омилените пијалоци во светот и има силно влијание врз луѓето. Иако има огромен број студии кои покажуваат дека некои пијалоци со кофеин создаваат здравствени придобивки, сè уште постои одредена неизвесност околу тоа како треба да ги пиеме.
Има голем број докази за ефектите на кофеинот врз нашето здравје – особено кафето.

Едно истражување од во 2017, покажа дека пиењето три до четири шолји кафе на ден е почесто поврзано со здравствени придобивки отколку со штета. Сепак, треба да се внимава на здравјето на срцето. Една студија на населението на речиси 19.000 луѓе покажа дека, иако пиењето повеќе од две шолји кафе на ден е поврзано со поголем ризик од смрт од срцеви заболувања кај луѓето кои веќе имале висок крвен притисок, тоа не е случај кај оние со нормален крвен притисок.
Научниците велат дека умереното пиење кафе може да го намали ризикот од смрт, висок крвен притисок и срцева слабост.
Една студија на велосипедисти аматери покажа дека може да ги подобри физичките перформанси до 1,7%. Кофеинот исто така е поврзан со намален ризик од неколку форми на рак, срцеви заболувања и дијабетес тип 2.

Кафето, според истражувањата исто така штити од депресија.

Истражувањата покажуваат дека некои од најпопуларните енергетски пијалоци со кофеин во Велика Британија и САД содржат помеѓу 75 и 160 милиграми кофеин, но некои содржат и до 500 милиграми кофеин.
„Енергетските пијалоци често содржат други стимуланси како што се витамините Б, Л-карнитин, Л-теанин и глукуронолактон“, вели д-р Алекс Руани, истражувач за научно образование за исхрана на Универзитетскиот колеџ во Лондон. Тој додава дека умерената доза на кофеин е корисна кај луѓето со невродегенеративни болести, вклучително и Алцхајмерова болест.

 

Фото: СМАРТ.СДК.МК