Македонските композитори Григор Копров и Владимир Дојчиновски-Дојчин ја напишаа новата песна на хрватскиот пејач Владо Калембер. Копров е автор на музиката, а Дојчиновски на аранжманот на песната „Во љубовта сме кралеви и питачи“ (У љубави смо краљеви и просјаци), а текстот е на Саша Драгиќ.
Оваа авторска тројка првпат соработува заедно. За песната наскоро ќе се снимат спот и македонска верзија, која Калембер ќе ја промовира на неговите следни настапи во Македонија.
Некогашниот фронтмен на „Србрена крила“ е роден во Струмица. Копров веќе има напишано една песна за Калембер, „Добра ноќ заљубени“ за Макфест во 1988 и композиторот вели дека оттогаш трае нивното пријателство.