СОЗДАДОВМЕ ПЕСНА СО УБАВА ЕНЕРГИЈА, ВЕЛИ ПОП-ПЕЈАЧКАТА ИВОНА ЈО ЗА НОВИОТ СИНГЛ „ТИЕ ОЧИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поп-пејачката Ивона Јо го промовираше својот втор сингл оваа година, пет месеци откако ја објави песната „Друго“. Таа вели дека песната „Тие очи“ има модерен побрз ритам, соодветен за овие топли денови.

„Пресреќна сум што создадовме песна и спот кои се исполнети со брз ритам и убава енергија. Тоа е дефинитивно она што најмногу ни треба во овој период. Ова го правам за мојата душа и за сите вас“, вели Ивона.

Текстот на песната го напиша Тамара Волческа, музиката е на Зокс, Димитар и Јордан Манов, а аранжманот на Јордан Манов. Спотот е снимен во Охрид, а го режираше Мартин Трајановски.