Тениската легенда Мартина Навратилова и нејзината сопруга Јулија Лемигова го проширија семејството за два члена. Нивни претставници потврдија дека Навратилова (67) и Лемигова (52) посвоиле две машки деца, крунисувајќи ги своите десет години брак.
„Пресреќни сме, но и свесни за предизвиците што се пред нас“, изјави Навратилова.
Таа и Лемигова првпат се запознале во 2000, но врската ја почнале дури во 2008. Се венчаа во 2014. Нивните планови за посвојување беа ставени на пауза откако на Навратилова по вторпат ѝ беше дијагностициран рак на дојка и таа во јуни минатата година кажа дека целосно е излекувана.
(Фото: Гети)