Фестивалот започнува во 20 часот со уличниот настап „Селест“ на француската трупа „Деплиме“. Настапот ќе почне пред Музејот на Град Скопје, а поворката ќе се движи по улица Македонија, преку Камениот мост, до платформата пред Универзитетот на Југоисточна Европа.
Утре (17 октомври) од 20 часот на плоштадот Карпошово востание, француската трупа „Бестија“ ќе го изведе перформансот „Фратело“, кој преку движење ја истражува довербата помеѓу двајца сценски партнери. Од 21 часот, кај фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк, трупата „Гвам“ ќе го изведе музичко-визуелниот перформанс „Танцот на водните нимфи“, со светлосни ефекти, бои и музика.
Организаторите најавуваат дека фестивалот има амбиција да прерасне во традиционален годишен настан, кој ќе ги поврзува француските и македонските уметници.