Селена Гомез откри дека не може да има свои деца. Триесет и двегодишната актерка и пејачка кажа дека била многу тажна кога дознала дека никогаш нема да може да има безбедна бременост.
„Никогаш не сум го кажала ова, но, за жал, не можам да имам свои деца. Имам многу здравствени проблеми кои би ги загрозиле мојот и животот на бебето“, изјави Гомез за „Венити фер“.
За Гомез е познато дека ја има неизлечивата автоимуна болест лупус, чии симптоми можат да се регулираат со лекови. Во 2017 имаше трансплантација на бубрег како последица на ова заболување.
Таа исто така отворено збореше за животот со биполарно растројство, при што во 2022 кажа дека поради лековите што ги зема можеби нема да може да има безбедна бременост.
„Сепак, се надевам дека ќе имам деца, дали преку посвојување или сурогат мајка. Двете опции се голема можност за мене“, вели Гомез, која е во врска со музичарот Бени Бланко.
(Фото: АП)