ДЕЈВ ГРОЛ ПРИЗНА ДЕКА ДОБИЛ ВОНБРАЧНА ЌЕРКА, ПОБАРА ПРОСТУВАЊЕ ОД СЕМЕЈСТВОТО

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Фронтменот на „Фу Фајтерс“ Дејв Грол ги шокираше фановите откако призна дека добил вонбрачна ќерка. Во објава на Инстаграм, 55-годишниот Грол кажа дека планира да биде добар и грижлив родител на неговото ново дете.

Тој има три ќерки со сопругата Џордин Блам, со која е во брак од 2003. Тие се на возраст од 18, 15 и десет години.

Грол има три ќерки со Џордин Блам, со која е во брак од 2003

Неодамна станав татко на девојче родено надвор од мојот брак и планирам да му бидам добар родител. Го сакам моето семејство и правам сѐ што можам за да ја повратам неговата доверба и да заслужам простување од него“, кажа Грол.

Тој не откри која е мајката на бебето.

Грол претходно три години беше во брак со фотографката Џенифер Ли Јангблад, од која се разведе во 1997 откако призна дека бил неверен.

(Фото: Гети)