КЕЈТ БУШ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ СНИМА НОВ АЛБУМ, ШТО СЕ ЧЕКА ОД 2011

Лондон, (Би-Би-Си)

Кејт Буш изјави дека посакува да сними нов албум, додавајќи дека поминало многу време од последниот. Во ретко интервју дадено за „Би-Би-Си Радио 4“, 66-годишната англиска пејачка кажа дека има многу идеи што сака да ги продолжи.

Едвај чекам да се вратам во тој креативен простор. Долго време помина“, изјави Буш.

Таа се прослави со дебитантскиот албум „Wuthering Heights“ од 1978 и потоа имаше серија хитови во 1980-тите. Со нова генерација фанови се здоби откако нејзината песна „Running Up That Hill“ од 1985 се појави во популарната серија „Чудни нешта“ во 2022.

Последниот албум на Буш излезе во 2011 и оттогаш објавуваше само компилациски и концертни изданија.

Подолго време размислувам за нов албум, особено минатата година. Расположена сум да почнам да работам на нов албум откако ќе завршам некои други работи. Имам многу идеи“, кажа Буш.

(Фото: Гети)