„Земја нека рти“ е првиот сингл од новиот албум на групата „Нема лабаво“, предводена од Ѓоко Зафировски-Шон, некогашниот фронтмен на „Сајдвок“, „Фрагмент“ и „Дени те чува“.
Албумот „Памти, па врати“ се снимаше во студиото „1060“ од мај до август и следната година ќе биде издаден и во форма на плоча.
Покрај Зафировски, кој е гитарист и вокал, во снимањето на албумот учествуваа и Дени Крстев (тапани, продуцент и пратечки вокали), Филип Тасевски-Фиц (гитара и пратечки вокали) и Мирко Пејковски (бас гитара).
(Фото: Фејсбук)