Британскиот фолк-панк кантавтор Френк Тарнер ќе одржи концерт на 13 март 2025 во киното Фросина во Младински културен центар во Скопје. Од „Пасворд продукција“ велат дека тоа ќе биде специјален акустичен концерт.
Четириесет и двегодишниот Тарнер ја почнал кариерата во пост-хардкор бендот „Милион дед“, а од 2005 настапува соло.
„Френк Тарнер, еден од најуспешните британски изведувачи во изминатата деценија, најмногу се потпира на сопствените животни искуства при пишувањето песни, а во Скопје ќе ни го претстави својот десетти студиски албум ‘Undefeated‘. Како независен уметник, Тарнер сам ја напиша музиката и сам го продуцираше овој албум“, велат од „Пасворд“.
Продажбата на влезниците почнува утре (28 ноември) во продажната мрежа на МкТикетс.
(Фото: Фејсбук)