УЖИВАЊЕ ВО ПОЛАРНАТА СВЕТЛИНА МЕЃУ ТРЕНДОВИТЕ ЗА ПАТУВАЊА ВО 2025

Њујорк, (Дејли паспорт)

Посета на малите градови, набљудување на ѕвездено небо и тениските натпревари се на врвот на листата на трендови за патување во 2025,  според новото истражување од „Прајслајн“.  Веќе не е актуелен трендот на „одмазднички патувања“ (патувања кои биле одложени поради пандемијата), почнува  нова ера на „посакувано патување“, обележана со разумно трошење и персонализирани маршрути. На листата е карактеристично и дека луѓето се повеќе се ангажираат во нови спортови, дека сакаат да ги променат кариерите, како и дека маратонците и обичните луѓе кои трчаат сакаат да откриваат нови дестинации за трчање.

 

Уживање во локалните вкусови

Фото: Гети

Во 2025 се очекува патниците да се откажат од туристичките атракции во корист на локалниот вкус, давајќи им увид во тоа каков е навистина животот во нивната дестинација. Тие ќе го направат тоа со посета на помали населби, јадење во локални ресторани, па дури и со посета на маркетот на аголот од улицата. Овие патници веруваат дека тоа им помага да создадат посилна врска со дестинацијата, давајќи им поавтентично искуство.

Запознавање нови пријатели

Фото: Гети

Некои од туристите, особено тие од помладите генерации, бараат начини да се дружат додека патуваат, а тоа директно влијае на тоа каде и како тие одмараат. Многу патници од Генерацијата З се дружат во хотелски барови или одат на крстарења. Овие патници ќе отидат и настаните кои се случуваат во местата кои ги посетуваат, концерти, претстави, музички фестивали, ноќен живот, плажи, паркови и други јавни простори.

Набљудување на небото

Фото: АП

Во 2024 многу луѓе низ светот патуваа за да видат астрономски настани, вклучително и целосно затемнување на Сонцето и поларната светлина. Во 2025,  патниците, особено помладите генерации, се очекува да го продолжат тој тренд со планинарење во области каде нема голема загаденост за да видат метеорски дождови, затемнувања, супермесечини или планетарни порамнувања. Од анкетираните патници, 35 отсто рекле дека ќе патуваат за да ги видат поларните светла, кои се предвидува дека ќе бидат повторно видливи низ Северна Америка во 2025.

(Фото: Гети)