Шапката на Меланија Трамп, што ја носеше на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, привлече големо внимание на социјалните мрежи. Некои го пофалија нејзиниот изглед, велејќи дека првата дама изгледа софистицирано и прекрасно. Други коментираа дали таа намерно се обидува да држи дистанца од својот сопруг и зошто ја носи цел ден.
Трамп ја носеше темносината шапка со бела лента која ѝ ги покриваше очите за време на утринската црковна служба, церемонијата на положување заклетва на нејзиниот сопруг, ручекот со републикански политичари и технолошки милијардери и на парадата во салата „Капитал уан“.
Според дизајнерот на шапката Ерик Џавитс, тоа беше сосема соодветен бонтон.
„Традиционално, шапка треба да се носи цел ден. Не ја симнувате додека не се преоблечете за друга прилика“, изјави Џавитс за „Ројтерс“.
Првата дама, која ретко присуствуваше на настаните од кампањата на Трамп минатата година, носеше и капут со средна должина со два реда копчиња од Адам Липс, друг американски дизајнер.
„Во моите раце изгледа како многу скромна шапка. Кога Меланија ја стави и ја видов меѓу луѓе, го трансформираше нејзиното присуство и од тоа направи моќен чин“, рече дизајнерот.
(Фото: АП)